МВР и СДСМ без коментар за новите началници на министерот Чулев

0
77

Имињата на поголемиот дел на лицата кои ќе ги раководат секторите и клучните единици во Министерството за внатрешни работи до изборите во април се веќе објавени. Медиумите открија кои се избраните началници на техничкиот министер Наќе Чулев. Ристо Ставрески ќе раководи со скопското СВР наместо Тони Јакимовски. Ставрески ù бил советник на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и сведок во предметот„Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Именувања во МВР

1. СВР Скопје – Ристо Ставревски

2. СВР Битола –Андреј Василевски

3. СВР Велес – Игор Ангеловски

4. СВР Струмица – Васко Тодоров

5. СВР Штип – Александар Николов

6. СВР Охрид – Илија Милевски

7. Одделение за спречување на организиран и сериозен криминал – Александар Јанев

8. Единицата за интервенција во СВР во Скопје – Васко Наумовски

9. Одделение за специјални полициски операции – Сашо Зенговски

10. Помошник-министер за внатрешна контрола – Филип Филиповски

11. Одделение за внатрешни работи, Прилеп – Трајче Горгиески

12. Помошник-министер за информатика и телекомуникации – Здравко Стојков