МВР побара од „Телеграм“ да ја затвори „јавната соба“

0
86

Во моментов во Бирото за јавна безбедност тече колегиум на кој се утврдуваат тактичките мерки за истрагата околу групата на апликацијата „Телеграм“ на која се споделуваа порнографски фотографии од малолетнички од Македонија. Истрагата е во рацете на секторот за компјутерски криминал и дигитална форензија во МВР.

Македонската полиција се обрати до службата на мобилната апликација Телеграм лоцирана во Дубаи, за да ја избришат групата „Јавна соба“ во која се споделуваа порнографски материјали од малолетнички, вклучително со нивните телефонски броеви и сексистички коментари. Групата ја крена македонската јавност на нозе, поради содржините што се истакнуваат во неа а кои се вознемирувачки и вулгарни. Познат е и администраторот на групата. Тој користел фотографија на малолетник при претставувањето на интернет-апликацијата која е слична на Вибер.