Мерки за претпазливост за пријавувачот на лажна дојава за бомба во „Сити мол“

0
76

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 од Кривичниот законик.

Против осомничениот е поведена постапка поради основано сомнение дека на 29 јануари во трговскиот центар „Сити мол“ каде бил вработен пријавил дека е извршено кривично дело – Предизвикување општа опасност за кое гонењето се презема по службена должност, иако знаел дека такво дело не е сторено.