Мерџан Даути: Претседателот на Кривичниот суд со обраќањето до Адвокатската комора врши притисок врз нас

0
70

Начинот на комуникација и однесување кој го практицира како Основен кривичен суд со тоа што при секое барање на адвокатите кои се согласно позитивните законски прописи, Вие експресно се обраќате до Адвокатската комора на РМ, да ни ги одземате Лиценците е обид за наше замолкување, што преставува притисок да престанеме со сите сили согласно закон, што ни е неопходно да ги бранеме нашите клиенти. Вие имате сила и затоа не казнувате, иницирате дициплински постапки, но со оваа прилика сакам да ве потсетам дека стапот има два краја.

Апелирам до Вас и сите меѓународни иституции, за Ваше добро и за доброто на државата, дека владење на правото и почитување на законите е услов нашата земја побрзо да влезе во НАТО и ЕУ, затоа прифаќате оставка на судија – поротник Лилјана Ивановска Кочовска, па и кривичниот предмет нека продолжи без влијание на Претседателот на судот, и судењето нека се води судечкиот совет.