Мигрант присилно држен во куќа во Ваксинце

0
78

Двајца мигранти пријавиле дека во куќа во село Ваксинце бил држен 28- годишен мигрант од Мароко со цел да му бидат изнудени пари.

„Вчера околу 11.00 часот во Полициска станица Сопот, М.М(25) од Палестина и Х.С(26) од Мароко, мигранти сместени во Транзитен центар Табановце пријавиле дека последните два дена А.К.(28) од Мароко бил држен во куќа во село Ваксинце од лица од Пакистан и од село Ваксинце, со цел да му бидат изнудени пари“ велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.