Мизрахи бара начин да и помогне на хигиеничарката од Лозово, жртва на мобинг и закани од градоначалникот

0
82

Министерката Мизрахи се вклучи во случаите со мобинг врз работниците од страна на градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, кои ги обзнани Сител.

Таа се сретна со Снежана Цветковска и Виолета Спасова и заедно со правниот тим ја разгледуваа документацијата. Вели дека ќе направи се што е во можност на Министерството за труд и социјала.

-Запрепастена сум и немам зборови. Ќе направам се што е во моја моќ да им се помогне на овие луѓе, да им излеземе во пресрет. Она што е во надлежност на МТСП ќе им се помогне, но ќе ги насочиме исто така и кон други Министерства каде што сметаме дека ќе им се отворат вратите за помош. Јас лично ќе се консултирам со други министерства за да видиме како да го решиме проблемот, вели Мизрахи.