Министерството за правда достави нов текст за Законот за Јавно обвинителство – нов обид за договор следната недела

0
88

Следната недела нови преговори за законот за Јавно обвинителство. По 4 месеци пауза работните групи на власта и опозицијата повторно седнуваат на маса во обид да ги доближат ставовите.

ВМРО-ДПМНЕ потврди дека вчера до нив бил доставен нов, 4ти по ред предлог закон кој правниот тим на партијата ќе го разгледува деновиве. Велат дека време за донесување на законото решение до распуштање на Собранието има, но дека и во овој најнов текст има законски одредби со кои не се согласуваат.

– Од она што можев да го видам во преодните и завршни одредби на предлогот, повторно се остава еден законски обид за тимот на СЈО да биде „удомен“ на некој начин во тимот на обвинителката Вилма Русковска. Законот за јавнообвинителска служба и законот за плати на јавните обвинители е прилично јасен, не може ниеден обвинител без разлика каде бил ангажиран да добие повеќе од 35 отсто надомест од неговата основна плата, а видовме дека сите обвинители кои работеле во СЈО добивале по астрономски суми, околу, 70, 80 или 100 илјади евра и за таков прекршок треба да се поведе во најмала рака дисциплинска постапка, и цениме дека не би требало овие лица да бидат овласетни или наградени со некоја повисока позиција во јавнообвинителскиот систем или, пак, да бидат привилегирани во споредба со нивните колеги обвинители, рече Милошоски.