Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да учествува во работните групи и на јавната расправа за Законот за јавно обвинителство

0
77

ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера да се донесе законот за јавно обвинителство доколку Владата, односно предлагачот има сериозна намера да ги прифати забелешките на опозицијата и ќе продолжи да учествува во работните групи и на јавната расправа, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски

-Ние во минатото често пати имавме забелешки на предлозите на Владата, тие на прва беа одбивани и беа црвена линија во преговорите, но потоа беа прифаќани како факт дека сме биле во право. Тоа беше и последниот случај кога им велевте немојте на ваков начин да дивеете со законите и со Уставот на оваа држава, и со писмо од притвореничката да ги префрлате предметите од СЈО во рамките на редовното обвинителство. Има процедура дајте да донесеме закон, да го донесеме тој член со кој што ќе се официјализира сето она кое што е од областа тужител заклучно со 30.06.2017 поднесено во рамките на судовите. Тогаш одлучија на таков начин и велеа дека тоа е исправно, дека тоа е согласно Законот и Уставот. Денеска, пак, во новиот предлог бараат од нас во процесите во кои што се во тек да донесеме член со кој што практично ќе се легализира она кое што беше направено на незаконит и неуставен начин, рече Мицкоски.