Мицотакис се сретна со Анастасиадис и Нетанјаху

0
127

Како што соопштуваат од кабинетот на Мицотакис, грчкиот и израелскиот премиер ја потврдиле тесната врска меѓу двете земји и разговарале за продлабочување на билатералната соработка во повеќе области како што е одбранбената индустрија, инвестициите и туризмот. Станало збор и за поширокиот регион, за стабилноста и за соработката меѓу земјите. На почетокот на средбата со кипарскиот претседател, Мицотакс рече дека денешниот ден е особено важен поради потпишувањето на договорот за изградба на гасоводот EastMed. – Ова е многу значаен енергетски проект кој претставува круна на една многу значајна трилатерална соработка во енергетиката, но и во други области, рече Мицотакис на почетокот на средбата со Анастасиадис.