Младите ќе седнат на улица против увозот на отпад!

0
77

Граѓаните протестираат, партиите тактизираат. Ќе има или не законска забрана за увоз на отпад? Законскиот предлог, кој е заглавен во парламентот, ги вади на улица младите кои бараат итно да се донесе забрана за увозот на отпад во земјата. Во знак на револт од одолговлекувањето, денеска најавија протестен собир пред парламентот, каде ќе чекаат народните избраници да се „смилуваат“ и да стават крај на фарсата околу предлог законот.

„Протестниот собир ќе има централен перформанс – симболично седнување на улица, кое ќе ја претставува чекалницата во која се наоѓаат граѓаните додека се донесе решение за секојдневното труење од согорување отпад. Ќе седиме, но не со скрстени раце, затоа што долгата битка, која минатата есен ја нарековме зелена револуција, продолжува во 2020“, порачаа од Младинското движење за климатска правда „Петоци за иднината Скопје“.