Млад скопјанец почина од маларија: Се вратил од Гана, по што му се влошила здравствената состојба

0
75

Ова не е прв случај на пациент кај нас кој завршил фатално од маларија, а причината за лошиот исход е и во тоа што неажурно се бара лекарска помош.

Триесет и петгодошен скопјанец е нова жртва на маларија во Македонија. Тој, како што дознава „Слободен печат“, престојувал во Гана каде и најверојатно настанала инфекцијата, а по враќањето тука, здравствената состојба му се влошила.

Тегобите му се појавиле пред една недела, а здравствената состојба драматично му се влошувала.

– Кога дојде кај нас беше веднаш хоспитализиран, болеста е дијагностицирана за еден час, но за жал не можеше многу да се направи, бидејќи состојбата му беше навистина тешка – велат од Клиниката за инфективни болести.