НАкС: Со контрасиндикат се врши уцена врз синдикалното организирање

0
91

Како што имаше протести и контрапротести, така сега покрај синдикат се прави контрасиндикат, рече денес професорката Мирјана Најчевска од Независниот академски синдикат (НАкС), кој на прес-конференција денеска реагираше дека е извршен упад од работодавачите – ректоратите.

Според НАкС, притисок и уцена е дописот на ректорите до деканите и одговорните да се формира синдикат, набрзина да се регистрира, за да може да се покачат на платите во високото образование за 10%. Ова НАкС го карактеризира како атак врз синдикалното организирање.

„Самиот овој допис и собирањето на ректорите од министерот за образование (Арбер Адеми н.з.), претставува прекршување на Законот за работни односи, на членот 195. Според законот, не смее работодавачот, а Универзитетите се работодавачи, да се меша во синдикалното здружение и во работењето на синдикатот. Ова претставува отворена закана која се базира на измама. Измамата се состои со тоа што се тврди дека ова не може да се направи без колективен договор со репрезентативен синдикат“, рече денес Најчевска.