Најголема специфика за бадниковата трпеза е кршењето на лепчето со паричка

0
76

На овој ден, сите треба да бидат во своите домови со најблиските. Сите домаќини традиционално ја подготвуваат посната бадникова трпеза. Колку побогата маса со храна – толку побогата година.

За оние кои љубат да го слават празникот пред да се соберат со семејството на ручек, тука е тетка Лиле. Девет години по ред во својот деловен објект ја подготвува највкусната посна трпеза, како треба да изгледа секое бадниково чевствување. Посно гравче, сарма, риба, макало, тиква – од се по нешто за сечиј вкус. Идејата во 2011-тата дошла многу спонтано.

Не се изостави ниту традиционалното кршење на погачата со паричка. Се верува дека оној на кого ќе му се падне ќе го следи среќа преку целата година. Будна од раните утрински часови за да стигне се да подготви, но тетка Лиле вели – вреди за секоја насмевка на сите присутни кои девет години по ред играат и пејат покрај богатата трпеза. За овој ден, во нејзиното топло катче добредојден е секој.