Најчести жртви на петарди се помладите лица, покажува статистиката

0
78

ОХРИД —

Употребата на петарди за време на новогодишните празници, често може да заврши фатално, покажуваат податоците. Најчести жртви се помлади лица. Иако од полицијата велат дека има намалување на бројот на оние кои нелегално продаваат пиротехника, во училиштата во градот се одржуваат едукативни работилници, каде на учениците им се укажува на можните последици од нивната употреба.