НА ГЕРМАНСКИТЕ БАНКИ ИМ СНЕМА МЕСТО ЗА ЧУВАЊЕ ПАРИ

0
79

Заради некои претходни фискални одлуки (негативни каматни стапки) германските банки беа присилени да почнат да ги полнат своите сефови со вон стандардно многу пари, и сега се стигнати до таму да бараат нови сефови.

Во декември во германските банки физички беа сместени рекордни 43,4 милијарди евра, што е три пати повеќе отколку во мај 2014. Во јуни 2014 Европската централна банка одлучи да почне да наплаќа за чување депозити.

Минатата година како што глобалната економија почна да закашлува заради меѓународните трговски недоразбирања, Европската централна банка со цел смирување на инфлацијата одлучи дополнително во минус да ги турка каматните стапки во евро зоната, со што за компаниите и поединците станува поевтино да позајмуваат пари. Негативните каматни стапки се проблем за германските банки бидејќи тие значително зависат од каматите што ги наплаќаат од позајмиците додека во исто време „седат на планина од штедни влогови“.