На повидок формирање на трипартитна предизборна коалиција Беса- Алијанса и Алтернатива

0
83

Движењето БЕСА ја прифати подадената рака од Зијадин Села за овие две опозициски партии заедно со Алтернатива која е дел од владината структура, здружено да настапат на претстојните избори. Од партијата на Билал Касами велат дека целта на сите албански партии е заедничка – ДУИ веќе да не е на власт.

Но, нивните поранешни сопартијци кои сега се во партијата Алтернатива на Африм Гаши се против тропартиска коалиција и убедени се дека заедно со АА имаат силно гласачко тело.

-Ние сме убедени дека нема потреба од никакво проширување на коалицијата , бидејќи само ние во коалиција со Алијанса можеме позитивно да ја промениме политичката слика кај албанскиот електорат и да донесеме долгоочекувани промени во корист на сите граѓани во земјава, велат од Алтернатива.