Независната ПГ на ВМРО ДПМНЕ предлага законско решение за почист воздух

0
80

Утрово од Женева, од СЗО осамна уште едно истражување за штетноста на загадувањето. Седум милиони луѓе умираат од загадување на воздухот годишно низ целиот свет, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО). Една третина од смртните случаи предизвикани од мозочен удар, карцином на белите дробови и срцеви заболувања се резултат на загадување на воздухот, што е еквивалентно на ефектот на пушењето, според ООН.

Деновиве, како и последниве 5 години, Скопје и Тетово се во врвот на светот, за жал по загаденост.

НПГ од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија изработивме драфт верзија за законско решение во кое детално се образложени нашите предлози кои ќе ги наведеме и подолу. Исто така ги предвидовме и финансиските импликации кои ќе произлезат, и од кои непродуктивни ставки во буџетот ќе бидат покриени. НПГ за таа цел ќе ги повика сите здруженија, експерти и заинтересирани страни да ни помогнат за подобрување на законско решение кое реално ќе направи разлика за почист воздух.