„НЕМОЈТЕ ДА МЕ ТЕПАТЕ, ДЕВЕТ ДЕНА НЕ СУМ ЈАДЕЛ“: Ова се првите зборови на уапсениот Малчански бербер

0
75

Малчанскиот бербер бил забележан денеска на околу 200 метри од својата куќа во Малча, каде живее со родителите, дознава српски Курир.

Го забележал соседот, кој има околу 70 години, бидејќи видел дека некој претрчал низ дворот, како и дека се отворила вратата од подрумот.

Како што наведува изворот на Курир, тој излегол со жената да провери кој бил во нивниот двор, а со тоа го уплашиле Јовановиќ, кој ја прерипал оградата, иако вратата од дворот била отклучена.

Тој тргнал во правец на својата куќа, но поминал зад неа и се упатил кон гробиштата. Тука се здобил со гребнатинки на лицето, кои ги имал за време на апсењето.