Не било само на „Телеграм“- постоеле уште три македонски „јавни соби“ на затворена интернет мрежа

0
144

„Телеграм“ ја затвори „Јавна соба“, но оваа група не е единствена каде што се споделуваа експлицитни фотографии и видео материјали од македонски девојки, добар дел од нив и малолетни. Фотографии, видеа, со идентитет и без идентитет осамнувале во уште најмалку три групни посветени на Македонки, меѓу нив и позната водителка и други јавни личности. Групите беа на сајтот „волафајл.орг“, но тие биле деактивирани, една откако според нашите информации, еден полицаец си ја препознал својата сопруга.

Волафајл е светски познат сајт, каде во чет не можете да влезете доколку не добиете линк од некој кој веќе е дел групата. Тематиката е ширење на експлицитен материјал, најчесто од девојки. Покрај македонските т.н. соби, таму има уште многу групи од различни држави, дел брзо се деактивираат, но има и такви кои доста долго време опстојуваат. Една од тие која се уште е активна е и собата каде се објавуваат фотографии од девојки од просторите на поранешна Југославија, за која е потребен пасворд да влезете.