Новиот вирус ги зема првите жртви

0
86

Мистериозното белодробно заболување предизвикува голем немир во Кина. Десетици луѓе во регионот на Вухан се заразени со нов коронавирус. Болеста однесе една жртва, а неколкумина други се во критична состојба.

Вкупно седум лица се во критична состојба, соопштија болнички извори.

Првите лабораториски тестови укажуваат на нов вид корона вирус, се вели на веб-страницата на здравствената комисија.

Заради вирусот расте и загриженоста за патувањата што Кинезите треба да ги имаат околу кинеските новогодишни празници што почнуваат кон крајот на јануари.