Новороденче починало во скопско Батинци

0
82

Новороденче, старо неколку дена, починало вчера во скопското село Батинци.

Како што соопшти МВР, случајот во Полициската станица Драчево бил пријавен вчера во 16:20 часот од страна на Итната медицинска помош, каде претходно околу 11:30 часот се јавил таткото Р.И. (27) од село Батинци и пријавил дека во неговиот дом починало неговото новороденче.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено на обдукција.