Обвинение за Ременски, му помагала на Боки 13 во измама и перење пари

0
67

Ново обвинение за измама и перење пари поднесе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција против Боки 13. Тој како претседател на Меѓународниот сојуз се товари дека лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата. Според обвиненеието, Јовановски имамил двајца бизнисмени.

„Оштетените, вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност“, пишува во соопштението од Обвинителството.

Во измамата, според Обвинителството, со умисла му помагале и соработничките Јасна Мандиќ и Христина Блажевска кои ги подготвувале договорите, ги подигале уплатените пари и му ги давале на рака на Боки 13. Третообвинета во случајот е пратеничката Фросина Ременски.

„Со својот углед и авторитет го поддржувала првообвинетиот на средбите со оштетените, давајќи му совети и упатства за да оштетените стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите“, соопштија од Обвинителството.