Обвинителството и антикорупциска со засилена соработка во битката со корупцијата

0
66

Членови на ДКСК денеска со државниот обвинител Љубомир Јовески се договарало како во иднина да се процесуираат иницијативите во кои Комисијата ќе утврди корупција или судир на интереси.

-На состанокот беа разменети заемните заложби за подобрување на меѓусебната соработка за прашања од заеднички интерес, особено во насока на поефикасна борба против корупцијата. Договорена е континуирана комуникација и координација на иницијативите кои ДКСК ги поднесува до Јавното обвинителство.–ЈОРМ.

Според истражувањата на Институтот за демократија во првите седум месеци од своето формирање, Антикорупциска постапувала по околу 1000 случаи. Во само 65 од нив утврдила корупција или судир на интереси.