Одбиена оставката на поротничката, адвокатот не доаѓа на рочиштето бидејќи е на одмор со семејството

0
77

По вчерашните повици на Кривичен суд дека ќе се истражат заканите и притисоците врз поротничката од страна на адвокатите на ТНТ, Адвокатската комора започна постапка за прибирање докази и документи и истите ќе ги проследат до дисциплинските органи на комората каде ќе утврди дали има евентуална повреда сторена од адвокатот во случајот ТНТ.

„Адвокатската комора на РСМ по прибирање на сите докази, заради утврдување на фактичката состојба, истото ќе ги проследи до дисциплинските органи на Комората кои се надлежни за утврдување на евентуална повреда сторена од адвокат.“, велат од Адвокатска комора.