Од коронавирусот во Кина досега починаа 106 лица

0
79

Бројот на починати од коронавирусот во Кина се зголеми на 106 лица. Во истовреме се забележани 1.770 нови заразени, соопштија денеска кинеските власти. Со тоа во Кина вчера имало над 4.515 потврдени случаи на заболени со коронавирусот. Во меѓувреме, Монголија, Северна Кореја и Киргизстан соопштија дека ги затвораат нивните граници со Кина, додека Хонг Конг и Малезија објавија дека забрануваат влез за посетители од кинеската провинција каде што за прв пат се појави овој опасен вирус. Вчера Германија потврди дека го регистрирала првиот случај со короновирус кој има слични симптоми како грипот и може да се пренесува директно меѓу луѓето.

Извор РСЕ