Од утре термо-камера и на скопскиот аеродром заради коронавирусот

0
89

Властите сепак ќе воведат превентивни мерки против глобалната закана од коронавирусот. На вонредна седница на Комисијата за заразни болести денес било одлучено да се постави термо-камера на скопскиот аеродром за да регистрира дали некои патници имаат висока температура и дали кај нив постои опасност да тлее опасната болест. Ова уследи откако претседателот на Комисијата за заразни болести за Телма вчера брифира дека на редовната седница во четвртокот донеле одлука да не се постави термо-камера бидејќи закана се уште нема,- за денес да се премислат.

Насекаде и низ регионот властите се подготвуваат за предизвикот. Во Хрватска е направен карантин во кој се е подготвено за да се пружи помош на заболени, а внатре во него обиколка направи хрватската РТЛ. Медиумите таму пренесуваат дека во Хрватска пристигнал и автобус со кинески туристи од Вухан каде што пак се е парализирано бидејќи важат итните мерки. Имаат и дополнителни информации дека четворица нивни државјани се наоѓаат во Кина од каде што започна да се шири болеста. Кај нас нема простор за паника се уште, бидејќи нема директна транзитна врска со Кина. Земјата сепак е подготвена да одговори на заразата, тврдат епидемиолозите.