Отпочнувањето преговори со ЕУ клучно за поголем економски раст и подобар животен стандард

0
83

Според ММФ, иако економскиот раст во тековната година ќе забрза, сепак власта ќе треба да ги стегне јавните финансии, да воспостави поголема контрола на корупцијата и да се подобри работењето на администрацијата.

Реформите и реформските процеси се клучни за повисоки стапки на економски раст. Дури тогаш граѓаните ќе можат да почувстуваат подобрување на животниот стандард. Сепак, за да дојде до тоа отскокнување, многу е важен процесот на отпочнување на преговорите со Европската унија.