ПАД НА НАТАЛИТЕТОТ ВО ВЕЛЕС

0
79

Првиот бебешки плач во велешката болница се слушна утрово, нешто после 9 часот. Се роди Изабела. Таа е првото родено бебе во градот во новата година. На свет ја донесе нејзината мајка, 24 годишната Марија Иванова, на кого ова и е второ дете.

Иако првото бебе се роди на вториот ден од новата година, персоналот од гинеколошко-акушерското одделение во велешката болница имал полни раце работа. На последниот ден од минатата година се родиле две бебиња, од кое второто, на десетина минути пред полноќ. Породувањето на Марија Иванова се случило со однапред закажан царски рез, вели доктор Силвија Богоевска.

Првата честитка стигна од градоначалникот Аце Коцевски, кој во името на општината, на детето му подари подароци.