Паркингот на ПОЦ од денеска поскап за 20 денари, градоначалникот тврди дека е мерка за намалување на аеро загадувањето

0
74

Со кампања под слоганот Центар не е паркинг директорот на ПОЦ и градоначалникот на Центар ќе ги стимулираат граѓаните да ги остават автомобилите и да користат јавен превоз.

Цените на паркинзите од денеска се поскаопи за 20 денари по час. Локалните власти велат на овој начин ќе го намалат аерозагадувањето. Ова покачување се однесува само на паркинзите со наплата на општина центар.

Во општина Центар има 5 300 слободни паркинг места, не сметајќи ги местата за резиденти. А од друга страна бројот на возила кои секојдневно гравитираат кон центарот на градот е многу поголем. Не би сакал да коментирам дали возачите би се паркирале на паркиралиштата на ЈП Градски паркинг, бидејќи таму е поефтино, но сметам дека ова е добар чекор за да покажеме дека сме сериозни во намерата да го намалиме загадувањето и да го намалиме сообраќајниот хаос во градот.