Парламентот на Ирак изгласа резолуција за заминување на војската на САД од земјата

0
69

Ирачкиот Парламент го поддржа барањето за напуштање на американските трупи од земјата. Резолуцијата што е окарактеризирана како историска е донесена на попладневната вонредна седница која е закажана по убиството на иранскиот генерал, Касем Сулејмани.

„Со мнозинство на гласови на вонредна седница е поддржано барањето за напуштање на американските воени трупи и на останатите странски сили на Ирак“, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

На собраниската седница што е во тек, пренесува агенцијата, присуствува и ирачкиот премиер Абел Абдул Махди кој ја иницира резолуцијата. Во соопштението на Парламентот се наведува дека ирачката Влада е должна да го спроведе барањето. Шиитските пратеници по гласањето извикуваа „Стоп САД“ и „Окупаторе, губи се“.

„И покрај внатрешните и надворешните потешкотии со кои се соочуваме, ова е најдобра одлука за Ирак“, рекол Махди.