Полицијата барала хероин во автомобил, па открила гостиварец баран со потерница

0
71

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ј.В.(44) од село Беловиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 27.12.2019, на крстосницата од улица „Загорје“ со регионален пат Кичево – Осломеј, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „БМВ“, управувано од пријавениот, при што во возилото и кај него биле пронајдени и одземени хероин и марихуана.

Исто така, како совозач во возилото се превезувал М.Н.(31) од село Здуње, за кого била распишана централна потерница и тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гостивар.