Полицијата од домот на Јанева одземала лаптоп, документи и луксузна ташна

0
84

Од домот на Катица Јанева одземени се СИМ картичка и мобилен телефон. Од нејзината канцеларија е одземен двд рекордер, лаптоп, девет парчиња УСБ, еден документ со име Решение, еден документ од болница, фискална сметка и кожна ташна „Луј Витон“.

Од нејзиниот дом е одземена една аголна гарнитура, две фотелји и две „клуб“ маси. Од домот на покојната мајка на Јанева одземен е еден тефтер кој бил на Катица Јанева, како и еден лап-топ и едно УСБ.

Во домот на сега осудениот Зоран Милески кој беше осуден во овој случај биле одземени низа документи, мобилни телефони и банкарски картички.