Полицијата уапси двајца битолчани со марихуана, при апсењето пружале отпор

0
92

Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишиле од слобода П. Ј. (37) и М. В. (36), двајцата од Битола, поради тоа што во 22.20 часот на ул.„Климент Охридски” во Битола, при преглед над нив и на патничкото возило „хјундаи”, со кое се превезувале, била пронајдена марихуана и прашкаста материја. Притоа, тие се однесувале агресивно, попречувајќи ги полициските службеници при вршење на службени дејства. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.