Поповски: Не ги читаме критиките, тука сме дојдени да играме ракомет

0
74

Ракометната селекција на Македонија ја очекува дуел со домаќинот Австрија кој ќе биде одлучувачки дали ќе продолжат во следната фаза на Европското првенство, кое освен во оваа земја се игра и во Гермамија и Шведска. По воведната минимална победа над Украина, следуваше пораз од Чешка вчера, па победа е императив за пласман во главната рунда.

На денешниот брифинг, зборуваше крилниот играч Мартин Поповски.Според него мора да го надминат неуспехот, бидејќи ќе се води вистинска борба со Австрија. Иако немаат ѕвезди од типот на Лазаров, имаат квалитетни поединци.

„Мора да ја заборавиме Чешка, утре ќе биде многу важно како ќе го отвориме натпреварот. Победа е приоритет за нас, но многу фактори ќе влијаат. Сепак притисокот на овој меч е на нив како домаќини. Ги познаваме добро, имаме гледано нивни натпревари, тие имаат одлични бекови. Австријците немаат играчи од топ класа, како што е Лазаров, но имаат квалитетни поединци на секоја позиција.