По државниот и црковниот врв наскоро на средба со Вартоломеј?

0
86

По техничкиот премиер, се очекува наскоро и црковни лица од Македонија и Србија да заминат на гости кај Вселенскиот патријарх, објави Телма. Вартоломеј одлучил да ги соочи двете страни, во обид да се најде заемно прифатливо решение за црковното прашање. Техничкиот премиер кој, пак, го поканил Патријархот да ја посети Македонија, е оптимист по вчерашните разговори во Истанбул.

Од МПЦ-ОА очекуваат средбата да се случи набрзо.

Тимотеј не е сигурен дали Синодот на Српската православна црква ќе се согласи на средба, но вели дека МПЦ-ОА во секој случај ќе испрати делегација. Лани во мај, СПЦ донесе одлука да ги обнови преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква, но оттогаш немаше никаков напредок.  Вчерашната средба се толкува како напредок во преговорите со соседите, по неколкугодишниот застој.