Премиерот Спасовски по повод Водици во Кочани: Да ја обновиме и зајакнеме духовната зрелост и смирено и со љубов да си посакаме добра волја за совладување на сите предизвици

0
75

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска присуствуваше на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Кочани, во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Поздравувајќи ги присутните граѓани премиерот Спасовски упати честититки до православните верници во земјата, до Светиот Архиерејски синод, и до неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски, Г.Г. Стефан, како и до свештенството и монаштвото во Република Северна Македонија.