ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР ВЛЕЗЕ ВО КАМПАЊА

0
73

Ѓраѓаните мораат да знаат што значат заканите на ВМРО – ДПМНЕ за поништување на преспанскиот договор, вели неговиот потписник, претседателот на СДСМ Зоран Заев. Евентуалното поништување на Преспа не би значело само прекинување на европскиот пат туку враќање на земјата во изолација, неизвесност, поделби и конфликти.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ остануваат на ставот дека доколку победат на избори и обезбедат двотретинско мнозиство и бадентер ќе го ревидираат преспанскиот договор, но велат тоа ќе значи само одговорност за Заев а не изолација на земјата.

Дел од опозициските албански партии кои се гледаат како можни идни коалициски партнери на ВМРО – ДПМНЕ во анализата на ТВ24 порачаа дека обезбедувањето на бадентеровото мнозинство за поништување на преспанскиот договор би било невозможно.