Претепан Миле Китиќ среде настап во Швајцарија (ВИДЕО)

0
140

Видеото од нападот за прв пат го објави Дневни Аваз, во кое првично се гледа како еден млад човек му приоѓа на пејачот за време на неговиот настап во кафуле и се чини дека сака да нарача песна.

Како и да е, следниот момент  го турка од сцената на под, по што веднаш реагира обезбедувањето на пејачот, пишува Дневни аваз. Медиумите пишуваат дека инцидентот се случил во швајцарскиот град Базел.

Самиот пејач по нападот шокиран од тоа што се случи вели:

– Пејам 48 години, никогаш досега немав најмала непријатност во животот. Знаете, јас сум искусен, штом ќе видам некој како овој или оној, обидувајќи се нешто, не пристапувам. Немаше место каде што не сум пеел, и за време на војната, никогаш не сум  доживеал вакво нешто – вели Китиќ