Притворен кумановец, му нашле 2,6 килограми марихуана

0
81

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ф.Т.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Пријавениот, неовластено, заради продажба во својот дом и во домот на неговиот дедо држел 2,6 кг. марихуана, како и амфетамин и хашиш. Дрогата била пронајдена при претреси во неговиот и домот на неговиот дедо, извршени на 10 и 11 јануари врз основа на судска наредба.

По спроведена постапка, од страна на Истражен судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.