Притвор за еден од лидерите на Грчец мафијата – Скопската полиција објави војна на крими групите

0
84

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 35-годишниот Зекирија Љатифи и 41-годишниот Абдулрахим Љатифи од Грчец,скопско, за „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” за настанот на 07.12.2019 година во селото Грчец каде беше пронајдено и одземено оружје.

На Зекирија Љатифи кој беше лишен од слобода, му е одреден притвор од 30. дена од страна на судија на претходна постапка, додека на второпријабвениот му е поднесена кривична пријава за делото, во негово отсуство.

Двајцата се познати на полицијата одамна како сторители на криични дела од областа на насилниот криминал и недозволена трговија со дрога и оружје.