ПРИХОДИ ПОД ДВА МИЛИОНИ: Нема ДДВ, тргнете се од системот

0
71

Уште една даночна измена за која течат роковите. Од годинава се зголеми прагот за ДДВ обврзник од еден, на два милиони денари. Но има рок за дерегистрација од системот за оние кои имало потреба да се, а сега веќе не се даночни обврзници.

Толку ќе платат само тие со приход над 32.500 евра годишно . Власта го подигна прагот за ДДВ обврзници од 1 на 2 милиони денари. Го намали и периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот како ДДВ обврзник.

Од 5 рокот е скратен на 3 години, што значи ако една година лицето има промет од над 2 милиони денари, ќе мора и во наредните 2 да плаќа ДДВ и покрај тоа што можеби нема да го надмине лимиот од 2 милиони денари.

Кога ги презентираше измените, министерката Ангеловска рече дека даночната администрација трошела повеќе време на малите ДДВ обвзници, кои придонесувале со само 2% во вкупната наплата на ДДВ.