Пропадна лидерската средба, спас за Законот за јавното обвинителство ќе се бара во осумте пратеници

0
78

Пропадна лидерската средба меѓу Заев и Мицкоски за Законот за јавно обвинителство. По вчерашната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека не сака да се гледа со Заев се додека нема конкретни резултати од работните групи, денеска и лидерот на СДСМ песимист дека до средба би можело да дојде. Тој вели дека кога ќе се слушне вчерашната изјава на Мицкоски, се добива впечаток дека „човекот нит се води нит се тера“.

– Јас сум подготвен за се но, човекот очигледно не сака да се изнајде решение – рече Заев.

Тој најави дека изјавата на Мицкоски го одвраќа од намерата за заедничко носење на законот и затоа неделава ќе се обиде да најде 2/3 мнозинство за Законот низ разговор со осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да, ќе се обидам прво со осумте пратеници и ќе разговарам со нив. Тие чувствуваат одговорност бидејќи гласаа за НАТО и ЕУ. Но, одговорноста кај политичарите од поголемите политички партии е поголема. Подготвени сме за сериозна флексибилност се додека тоа законско решение нема да ги помине црвените граници кои ги дозволува европскта регулатива, односно се што е во рамките на поддршка на ЕУ и европското правосудство. А тоа е политичарите да не „редат“ обивнители – рече Заев.