Работните групи за законот за јавно обвинителство на состанок до крајот на неделата

0
81

Преговарачкиот процес меѓу власта и опозицијата ќе се одблокира. Се чека на забелешките од ВМРО – ДПМНЕ за да се закаже нова средба. Крајниот рок за носење на законот е 11 февруари кога се распушта Собранието

Работните групи на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ ќе се сретнат до крај на неделава со што ќе се одблокира преговарачкиот процес за законто за јавно обвинителство. Ова денеска го потврди пратеникот од опозицијата Антонио Милошоски, но и министерката за правда Рената Дескоска. Додека власта чека денеска или најдоцна утре, опозицијата да ги достави своите забелешки и предлози за владиниот закон со што би се отворил патот кон нова рунда на преговори од опозицијата не ја исклучуваат можноста тие да бидат доставени токму на средбата.

Според Милошоски, еден од проблемите е што обвинителите од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) треба да прејдат во Обвинителството за гонење на организиран криминал кое ќе превземе голем дел од предметите на СЈО.