Разрешувањето на Катавеновски ги одлага пресудите за „Тенк“

0
101

Судскиот совет на тајна седница го разреши врховниот судија Ристо Катавеновски, брифираат за Алсат извори од Советот. Катавеновски е разрешен и не смее да се доближува до зградата на Врховен бидејќи го укина притвор на бизнисменот Сеад Кочан. Од Судскиот совет потврдуваат дека разрешиле еден судија без да кажат за кого се работи.

 

„По едно барање е донесена одлука со која еден судија е разрешен поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и е времено оддалечен од вршење на судиската функција“, наведуваат од Советот.

Со разрешувањето на Катавеновски во воздух останаа пресудите за случајот „Тенк“, каде се осудени експремиерот во бегство Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Катавеновски беше задолжен пред врховните судии да го образложи овој предмет, по што требаше да се донесе конечна одлука дали остануваат пресудите од две и четири и пол години затвор за Груевски и Поповски. Исто така, нема да може да се донесе и одлука во одвоената постапка за Гордана Јанкуловска дали ќе оди во затвор за истиот случај.