Рекет“, Катица во подрумот имала боксерска вреќа, Боки имал пиштоли

0
84

На денешното рочиште за „Рекет“ во детали беа прикажани домовите на Катица Јанева, Бојан Јовановскии и на Зоран Милевски – Кичеец, како и предмети кои биле запленети. Поранешната специјална обвинителка имала мини теретана, опремена со лента и велосипед за трчање, но и боксерска вреќа. Обвинителството кај Јанева пронашло и белешки на кои е напишано името на Боки, но не беше објаснето што точно пишува. Адвокатите на Јанева пак, демантираа дека одземената чанта „Луј Витон“ била истата онаа што се гледа на снимките од домот на Орце Камчев.

„Вчера излегоа некои написи дека се работи за торбата ‘Луи Витон’ која е одземена од Катица Јанева дека станува збор за истата торба која ја споемнува сведокот. Денеска имавте прилика да видите дека не станува збор за истата торба“, рече Ирена Фрчковска, адвокат на Катица Јанева.

Покрај брендираната гардероба и луксузниот мебел, во стан на Боки 13 во населбата Тафталиџе, обвинителството нашло и четири пиштоли. Не беше наведено чии се и дали се легални. Инаку, Боки и Катица денеска побараа да видат што било пронајдено при претресот кај Кичеец, кој веќе доби три години затвор. Од фотографиите на Обвинителството се виде поголема количина на оружје и муниција. Покрај пиштоли, се презентираа снајперски пушки, ножеви, но и автоматски пушки.