Рокот од УНЕСКО истекува, а Општина Охрид се уште не ја затворила депонијата Буково

0
71

Истекува рокот на Унеско за Охрид . Една од најтешките препораки градот да не се најде на листата на загрозени подрачја е затворањето на депонијата Буково.

Од граѓанската иницијатива Охрид СОС алармираат дека депонијата претставува еколошка бомба и не смее да има застој на ова поле кое се однесува на животната средина и загадувањето но најнапред треба да се избере локација за изградба на регионална депонија надвор од сливното подрачје на Охридското езеро.

Од ЈП Охридски Коминалец велат дека со изградбата на регионалната депонија целосно ќе биде решен проблемот со управувањето со цврстиот отпад.