РОХАНИ ДО ТРАМП: ЗАПОМНИ ГО БРОЈОТ 290

0
82

Доналд Трамп деновие им порача на Иранците дека ако помислуваат на одмазда за убиството на Касем Сулејмани, треба да имаат на ум дека САД држат на нишан 52 ирански локации, битни не само за војската и државата туку и за иранската култура (е, до толку се). Иранскиот претседател го зголеми влогот на 290

Бројот на таргетирани ирански локации кои војската на САД е спремна да ги уништи е референца на 52-та американски државјани кои беа заложници во познатата заложничка криза која  траеше 444 дена.

„Оние кои го спомнуиваат бројот 52 треба да го запамтат бројот 290. #IR655. Никогаш не ѝ се заканувај на иранската нација“, Рохани на единственото место кое Tрамп го чита, Твитер.

IR655 е бројот на летот на иранскиот патнички авион кој Американците го срушија во Персискиот залив во 1988 година, убивајќи ги сите 290 патници и членови на екипажот.

Тоа е време на истекот на 8 годишната иранско-ирачка војна во која САД отворено се ставаат на страната на Садам Хусеин. Нивното официјално објаснување беше дека се работи за грешка и дека од воениот брод од кој беше истрелана ракетата помислиле дека се работи за воен а не за патнички авион.