СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ: Грижата не значи парада пред камери за лајкови!

0
77

На лицемерието на ВМРО ДПМНЕ нема крај. Партијата којашто на секој начин се обидуваше да го сруши процесот на деинституционализација, сега ја праќа својата министерка да се фотографира со децата во малите групни домови и да покажуваат пред јавноста колку се грижат за нив, реагираат од СДСМ.

Оттаму велат дека ситуацијата со децата е решена и дека во сите тие живеат во топол дом.

„Грижата не значи парада пред камери за лајкови туку вистинска и целосна посветеност на процесот кој што се покажа повеќе од успешен. Со овој процес 180 деца коишто живееа во сиви и гломазни институции, целосно запоставени и заборавени дека постојат за помалку од две и пол години Министерството за труд и социјална политика раководено од Мила Царовска и нејзиниот тим во којшто беше дел и актуелната дополнителна заменик министерка Санела Шкријељ успеа да ги пресели во мали групни домови со семејна атмосфера. Во институциите нема веќе деца, сите живеат во топол дом.