Се бројат загинатите, повредените и штетите од силниот земјотрес кој вечерва ја погоди Турција

0
84

Најмалку шест лица загинаа а десетици други се повредени во силниот земјотрес што ја погоди турската провинција Елазиг, на истокот од земјата. Епицентарот на земјотресот бил во областа Сивриче на длабочина од 10 километри.

Спасувачките тимови се веќе на пат и очекуваме дополнителни информации, изјави тој и додаде дека било пријавено оштетување на неколку објекти и можеби дополнителни штети во руралните области на регионот.

Претседателот на управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) првично го објави земјотресот со јачина од 6,8 степени, но опсерваторијата „Кандили“ и Институтот за истражување земјотреси во Истанбул ја ревидираа бројката на 6,5 набргу потоа.

.