Скопјанец бил физички нападнат на бул.„АСНОМ“

0
77

На 02.01.2020 во 20.40 часот во СВР Скопје, З.А.(42) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на бул.„АСНОМ“ бил физички нападнат од С.А.(34) од Скопје. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.